Стартап
25.01.2017 09:08

Признанија на првите девет старт-ап компании

132568388

Денес, Фондот за иновации и технолошки разво ќе им додели признанија на првите девет старт-ап компании за успешно завршени проекти.

На доделувањето, како што е најавено, ќе се обратат директорката на Фондот за иновации и технолошки развој Јасмина Поповска и претставник на Сојузот на стопански комори на Македонија.

Фондот за иновации и технолошки развој во претходните три години поддржа 37 претпријатија во реализирање на нивните иновативни решенија и во јакнење на нивните капацитети за истражување, развој и деловно управување. Фондот и неговите инструменти се наменети за иновативните претпријатија.