10 работи кои татковците никако не смеат да им ги кажат на мајките

semejstvo

Често се случува татковците да бидат виновни за се, а понекогаш и нивното дишење за мајките е иритирачко. Драги татковци, за да може да “извлечете жива глава” еве што никако не би смееле да и кажувате на својата сопруга…

Мајките, а посебно оние кои неодамна добиле таква титула, може да бидат многу чувствителни кога станува збор за чувањето на децата и мајчинството воопшто. Доколку се најде некој “паметњакович” кој на новопечена мајка ќе и застане на пат – тогаш тешко него.

Се разбира, секогаш први на нишан се мажите. Без разлика колку се добри како татковци, едноставно се случува татковците понекогаш да кажат некои погрешни работи во погрешно време. Иако (во најголемиот дел) мајките се сфаќаат на погрешен начин, не е лошо да им се посочи на татковците на што тие треба да обрнат внимание и кои се работи никако не би смееле да им ги кажуваат на сопругите:

Можам ли овде јас да имам малку приватност?
– Да не ти паднало на памет да се поместиш од тука.

Тоа е работа на мајките.
– Освен ако не зборуваме за доење, не знам за друго што станува збор.

Погледнете и: Искрена исповед: Никој не ме предупреди дека по раѓањето ќе го мразам својот сопруг

Што правеше цел ден?
– Навистина сакаш да знаеш? Па еве… Како прво му ја променив пелената и постелнината, го исчистив ѕидот од повраќаници. Потоа ги средив алиштата и го исчистив тепихот. Потоа направив појадок истовремено одговарајќи на милиoн прашања. Потоа повторно менував пелени. Ги измив садевите и ја изрибав кујната. Тоа се беше пред седум часот наутро…

---

Повторно си спремила нешто варено за ручек?
– Спреми си сам што сакаш.

Изгледаш уморно.
– Ти благодарам љубов моја. Токму таков изглед сакав да постигнам.

Престани да се грижиш.
– Ќе престанам да се грижам кога ти ќе престанеш да мислиш на секс. Договорено?

Каде се моите…?
– Јас сум веројатно одговорна за сите работи кои се под овој покрив. Нели знаеш – тие пред да се изгубат на мене ми се јавуваат.

Децата би требало да бидат дисциплинирани.
– Навистина?

За мајките кои не работат ова може да биде голема навреда, но често се случува цела вина да паѓа на нив доколку децата не се однесуваат убаво.