Бизнис
25.01.2017 12:24

Oтворање фирма со само едно евро влог

images (18)

Според Планот за живот, СДСМ денес најави кредити до 15.000 евра за почнување микро бизнис со само еден процент годишна камата и можност граѓаните брзо и едноставно да отворат фирма со само едно евро влог.

Во соопштението до медиумите партијата наведува дека ќе ги поддржи домашните фирми со државна помош 100 пати повисока од сега и во првата година таа ќе изнесува 20 милиони.

Се што е проектирано во Планот, напоменува СДСМ, е спротивно на економски политики на досегашната власт.

„Нашите економски политики се темелат на поддршка на домашните мали и средни претпријатија. Целта ни е да поттикнеме услови за отворање нови и подобро платени работни места за граѓаните. Ќе стимулираме да се отворат повеќе нови домашни фирми. Ова е еден од начините како ќе им помогнеме на граѓаните кои немаат работа, а имаат идеја, да работат“, пишува СДСМ.