Спорт
31.01.2017 11:02

Македонското чудо од дете по стапките на Роналдо

mitrovski

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Димитар Митровски, е промовиран во португалскиот клуб Спортинг, за почеток во академијата на португалскиот клуб. Поранешниот член Работнички, но и германските Ханза и Магдебург, се сели во академијата на еден од најголемите клубови во Еропа. Клуб познат по работата со млади таленти од кои многу прераснуваат во големи фудбалски ѕвезди.

Нивни најзвучен производ секако е Кристијано Роналдо. Тоа е податок кој доволно говори за големината на клубот и што сè можат луѓето кои работат во младинските категории со перспективните фудбалери.