Стил
31.01.2017 11:36

Имате проблем со убавината? Еве неколку совети да бидете поубави

stil

Совети за депилација, од древни методи до модерна технологија

Модерните пакувања ја направија трауматична досегашната вековна пракса за епилација со восок. Едноставно ќе го загреете восокот, го нанесувате на кожата со лопатка, ја ставате лентата и за неколку секунди нагло повлечете ја лентата (во насока на растењето на влакната). Третираната област намачкајте ја со масло за нега на кожата. ШЕЌЕР Кожата ви е премногу чувствителна за восочна епилација, а сакате мазна кожа? Обидете се со древниот метод на епилација – со шеќер. Слично како и процесот со восок, се нанесува леплива текстура на кожата за отстранување на влакната. Но, за разлика од восокот кога шеќерот се применува правилно нема да се залепи за кожата или да ја изгори, така што ризикот од иритација е многу мал. Поборниците за здрав начин на живот се љубители на овие методи. Се разбира, по секој третман, измијте ја кожата убаво со вода, а ако одлучите да се епилирате само со овој метод, најверојатно ќе ви требаат неколку обиди пред да го совладате.

10 грешки кои ги правиме додека ги чистиме лицето

Има многу повеќе во чистењето и миењето на лице отколку што вие мислите. Докторката Макарена Александрес Арменакас, професотка на Универзитетот Јеил, ги истакнува најчестите грeшки и нуди корисни совети Одберете средство за чистење лице кое ви одговара Средството би требало да помогне правилно да се исчисти кожата на лицето и да ја припреми за останатите производи за нега на кожата, како што се серумите и кремите. Одлучете се за благо и хидратизирачко средство кое успешно ги чисти маснотиите и не ја остава кожата сува, затегната и надразнета. Прво рацете Пред да почнете со чистење на лицето, темелно измијте ги рацете. Не сакате бактериите од рацете да ги пренесете на осетливата кожа на лицето. Млака вода Испирањето на лицето со ладна вода за да ги затворите порите е голема заблуда. Не само што ладната или топла вода ќе ја изиритира кожата на лицето, туку и може да доведе до пукање на капиларите. Внимателно со нанесувањето на средствата за чистење на лице Никогаш не нанесувајте од средството за чистење лице

Камилица – природно средство за нега на кожата

Камилицата е одличен лек против воспаленија и проблеми на кожата. Освен тоа, добра е и за лечење на рани на кожата, бидејќи допринесува за нивно забрзување лекување. Она што е најважно да знаете е фактот дека камилицата може да се користи како дел од дневниот третман на кожата. Имено, секојдневно миење на лицето со чај од камилица се препорачува за сите жени кои имаат проблем со воспаленија на кожата. Она што треба да го направите е да сварите чај од камилица и да оставите да отстои околу 10 минути. Потоа, процедете го и почекајте да се олади до температурата која е погодна за миење на лицето.

Ослободете се од здодевните акни на препоните

Иритацијата на кожа и акните на бикини зоната воглавно се појавуваат по депилација или бричење. Можеби би било добро да размислите за менување на методот на отстранување на влакната. Меѓутоа доколку иритацијата и понатаму не исчезнува, следете ги следните чекори: Некое време (или засекогаш) носете само памучна долна облека Заборавете на хеланките или панталоните од полиестер, изберете природни материјали со кои кожата ќе може да дише Бикини зоната два пати на ден исчистете ја со памукче кои ќе го натопите со лосион против акни Никогаш не ги стискајте акните од ова подрачје Пред секоја депилација или бричење, бикини зоната лесно истријте ја со пилинг ракавица или направете благ пилинг