Спорт
31.01.2017 11:04

Чеде Јаневски ќе го води Антверпен!?

cedomir-janevski

Иако во моментов е тренер на Беверен и има мисија да го спаси својот тим од испаѓање, односно да го задржи прволигашкиот статус, многу лесно може да се случи Чедомир Јаневски од идната сезона да биде тренер на Антверпен.

Имено, медиумите во оваа земја шпекулираат дека по завршувањето на сезоната му истекува договорот на сегашниот тренер на Антверпен, Вим де Декер, но тој веќе има нов ангажман, па раководството сака да го реши тренерското прашање уште од сега. И на Чедомир Јаневски му истекува договорот на лето, меѓутоа доколку обезбеди опстанок, многу веројатно е дека ќе продолжи уште една сезона да го води Беверен.

Јаневски веќе има големо искуство во Белгија откако бил тренер на Бриж, Гент, Монс, Мускрон и сега Беверен.

Беше и селектор на Македонија само еден нецел квалификациски циклус, а сите се согласуваат дека под негово водство репрезентацијата играла најубав фудбал во последните десетина години