TOW#369 – Домашна задача

Businessman writing a letter notes or correspondence or signing a document or agreement close up view of his hand and the paper
** Note: Shallow depth of field

Пред некој ден се вратив од зимување,  и на работа се шегувавме дека би требало да напишам состав: „како си помина на зимскиот распуст“. Веднаш се сетив на школските денови и моментите кога нè „тераа” да пишуваме домашна задача со таков состав, секогаш кога ќе се вратевме од зимски или летен распуст.

Ме заинтригира концептот на домашни задачи и се јавив кај наставниците на моите деца, чисто да го слушнам нивното размислување за ова прашање.  Драго ми е што и они ми го потврдија она што јас го размислував, а и го пребарував по нет, за овој концепт и зашто се користи тој. Домашните работи, во тој период, ни ги даваа главно за повторување на сработениот материјал, за утврдување на сработеното, поттикнување на самостојно размислување и работење, истражување, но и еден вид на стекнување обврска. Во зависност од возраста на ученикот, домашните работи се даваа и за да се задржи континуитетот во учењето.

Искрен да бидам, ништо не е променето ниту сега, на поголема возраст. Суштината е таа, па дури и „вордингот”. Па така, кога некој ќе нè праша: дали си ја заврши својата домашна, значењето може да биде:

  • Истражување – пред воопшто да започнете да ја извршувате работата која ви е доделена, направете истражување. Искористете ги сите алатки кои ви се на располагање да направите истражување за личноста, компанијата, потенцијалите.
  • Подготовка – дали сте подготвени за задолженијата што ви се дадени во смисла, дали имате доволно информации, знаење и документи. Доколку ви се потребни, немојте да се срамите да ги побарате. Немојте воопшто да започнувате, ако ги немате.
  • Анализа – на крајот на денот, направете ревизија на тоа што е сработено, анализирајте ги добрите и лошите работи. Видете зашто некои работи тргнале на лошо. Бидете самокритични и учете од грешките.
  • Приоретизирање – сигурно сте се нашле во ситуација кога имате да завршите премногу работи, па најдобро ќе биде да си направите приоритетна листа. Листата нека биде поделена според категорија од висок, среден и низок приоритет. Тие од висок приоритет, се работи кои треба да ги завршите веднаш, тие од среден за кои не треба толку итна акција, а тие од низок се оние што може да почекаат, но не и да ги заборавите.
  • Работна рутина – дефинирајте ја својата работна рутина во извршување на задачите. Дефинирајте прво начин на извршување на работата која најмногу ви одговара за истата. Дефинирајте ги и работите кои може да ве вознемират при извршување на задачите и веќе кога ги знаете, не дозволувајте тие да ве прекинуваат.

Си ја завршивте домашна?

tip of the week

Tip of the week Интерактивни прирачници за личен и професионален развој
Tip of the week” текстовите се авторски и се објавуваат секој четврток. Истите обработуваат теми од секојдневиот живот коишто помагаат да го подобрите вашето лично и професионално работење.

Прочитајте повеќе: http://macedonia-consulting.com/tip-of-the-week-priracnik.php