Со возило удрил полиаец од Пајак служба

hamer7

Дека не нервира која се мота пајакот околу, уште повеќе и ако влезе во процедура да ни го земе автомобилот, но овој тетовец ја претерал. Полицаец кој работел со „Пајак“ службата, додека запишувал број на регистерска табличка од неправилно паркиран автомобил, возачот го удрил со возилото.

Имено, во четвртокот, околу 10.55 часот во Тетово, додека полициски службеник работел со специјалното возило „Пајак“ на кружниот тек од ул.„Јане Сандански“ и ул.„Ѓ.Стојчевски“, забележал неправилно паркиран автомобил „Форд Транзит“ со тетовски регистарски ознаки.

Притоа, полицискиот службеник побарал документи од возачот, кој во моментот дошол, ја отворил задната врата и му одговорил дека кај него нема никакви документи и влегол во возилото.

Полицискиот службеник излегол пред возилото од десната страна со цел да ја запише регистарската таблица, но возачот го стартувал возилото и го удрил полицискиот службеник во пределот на левата нога. Истиот се јавил на лекарски преглед во Клинички центар Тетово каде му била укажана лекарска помош и констатирани му биле телесни повреди по што бил пуштен на домашно лекување.

Околу 12.25 часот Р.Ш.(69) од село Стримница дошол во просториите на СВР Тетово со цел да донесе документација во врска со неправилното паркирање и притоа во разговор со полициските службеници дознал дека при тргнување со возилото го удрил полицискиот службеник во пределот на ногата