Миленко Неделковски: Не ќе да е лошо повремено да се употребува и малку мозок

скопје

Нападнатите градоначалници од поголемите градови во Македонија, а особено оние од Скопје, како и нападнатата Влада на Република Македонија, со супер-продукција на прилози, докази, теми и дебати за загаденоста во општините – не можат да се бранат оти НЕ ЗНААТ. Тоа е првата причина што се постојано медиумски тепани и претепувани.

Што би рекла Мирка, бегале од школо, особено од часови на логика, филозофија, математика, физика, биологија…

Па, кога не знаеш, и не можеш да се браниш. Па ќе си бидеш топовско месо на соросписките артилериски проектили.

Втората причина, покрај елементарното незнаење, е и немањето воља или дозвола од “погорните“ да се размислува и да се учи. Односно да се послушаат не-традиционални медиуми, современите сознанија, новите истражувачи и храбрите новинари. Кога ќе добиеш назнака “остави го Миленко, гледаш дека претерува“, па затоа не обрнуваш внимание на едукативните и научни емисии што сум ги имал, тогаш останува сопругата, роднините, децата, комшиите на градоначалнците да знаат повеќе за причините за загадување од самите општински татковци. И тоа затоа што ги гледале емисиите и објаснувањата во нив што ги имаат дадено Велибор Абрамовиќ, Крешимир Мишак, Вилим Ужичанин, Мајкл Телинџер…

 

Дарвин и Господ

Ние, нели, сме пријателска земја со Турција. Таа реално, и покрај исламистичките претерувања, ни е единствениот политичко-безбедносен партнер. За лидерт на Турција Ердоган сите во Македонија навиваа да ги совлада пучистите. Предходно и да победи на избори. Навиваа и политичари и граѓани. И албанци и турци и македонци.

Е па, откако Миленко со отец Ивица уште пред 6-7 години во Марков манастир правеше емисија во која се побиваше Дрвиновата теорија, од турчинот Ерол Ризаов и неговото весело друштво бев опишан како човек “кој за една вечер од човек станал мајмун, иако на мајмунот му требало милиони години да стане човек“. И, оп, еве сега турчинот Ердоган, современиот Отомански султан, ја исфрли од образовниот систем Дарвиновата теорија. Гледам, турчинот Ризаов не напиша ништо за тоа за колку брзо време Ердоган од човек станал мајмун. Ајде турче. Можеш ли? Или некој од твоите истомисленици. Или, прпа. Усеритис?

 

Еволуционисти и креационисти

Откако Миленко во минатата сезона ја отвори дебатата за “Рамната земја“, се јавија многу исмевачи и уште повеќе пријатели што ме советуваа дека не било баш паметно вака да се резилам. Иако јас ништо не тврдев, туку само пренесував факти и докази што ги тврдат и ги собираат луѓето што ја поддржуваат теоријата за “Рамна земја“. Инаку, кокодакањето на исмевачите ја потисна суштината на “Флет ’Рт“, односно борба помеѓу еволуционистите и креационистите. На оние што навистина ги сметам за пријатели, а кои се и големи верници, им ја поставив дилемата: “Ако си верник, ако го почитуваш Бога и ја следиш Библијата, тогаш тоа значи дека го признаваш делото Божје со кое е направен светот, човекот и се околу нас“? Не можеш да веруваш во Бога и во неговата креација која ја пишува во Библијата, а да стоиш зад Дарвиновата теорија?!?!?!

Просто е: Ако има креација, нема еволуција. И, обратно.

 

Загадувањето и кемитреилс

Еве, последно за овие што бегале од часови а и што не смеат да земаат знаење од моите воспитно-образовни емиси, е загадувањето.

Значи, денеска е недела. Што значи дека вчера беше сабота. Тоа значи фабриките кои и така ги нема, не работеа. Сообраќајот беше намален. Возилата се или надвор од Скопје, или стојат паркирани, а загадувањето и покрај тоа е огромно!!! Не ви е чудно ова нешто малку?! Не се запрашавте, што е работава. Плус нели не работат: Рафинерија, Годел, поголем дел од Железара, Охис, Хром, Пластика, Комуна… Има гасна централа за парно. Поголемиот дел од бензинашите се на плин. Се модернизира возниот парк. Нема веќе Трабанти, Варбурзи, Запарожци, Волги, Москвичи… И, пак има загадување?! Во недела?! Кога нема активности? Еден ден откако имаше обилен дожд – вчера?!

 

Има ли логика?!

А малку со главата муч – муч? Да се промучка малку, да се поразмисли, проанализира??? Или, деструктивната реактивна политичка агенда си е општо прифатена? Кога напаѓаат, брани се. Никаква сопствена иницијатова, напад, пресинг… Само Дифенс.

Нели ви е чудно дека сите “докази“, прилози и дебати доаѓаат исклучиво од Соросовите телевизии. На нивната “програмска“ политика потоа помодарски се налепија и анти-соросовите телевизии. На Телма секоја втора реченица е “предупредуваат Експертите“!!! Брејјјј, мајката. Кои експерти? Од која област, со кои докази?

А, всушност одговорот е тука пред нас. Многу пати објаснет во моите емисии од мене и голем број мои гости и дискутанти. Знам дека кога сум зборувал и докажувал за Кемтриелс не било политички подобно да се гледа, уште помалку да се научи нешто од емисијата на Миленко. Знам. Ама вашето незнаење и не сакање да чуете и научите не ве амнетсира. Напротив.

Па, ај, сепак пак да ви разјаснам. Еве и колегите кои се мачат да најдат теми и соговорници во емисиите, еве им идеа.

ПМ честичките (суспендираните честички) се од запрашувањето со кемитреилс. Кога има магла, тие се всушност ептен сконцентрирани, и изгледа дека и маглата е погуста и по “тешка“. Изгледа се многу позагадено.

Ова е всушност Соросов Мастер план за промени во климата на планетата (Climate changes) за веќе од “утре“ да плаќаме затоа што загадуваме. Да плаќаме, како што сега веќе се плаќа во “Западните демократии“ за користење вода, за уште едно сеопште добро – ВОЗДУХ. Се плаќа за користење вода, иако таа не може да е приватна ни на Нестле ни на Мосанто, ќе плаќаме за користење на воздух. Ќе остане само да изнајдат начин да плаќаме и за користење на сонцето и неговите зраци.

Значи, загадувањето не е затоа што е виновен Коце или Владата или оној несреќник Циц од Куманово. Згадувањето ни е пратено преку запрашување од авиони.

Нормално, на вас управувачите со државава и општините, бидејки ви е речено од американска амбасада или од политичките партии “слушај, глупост е ова за кемитреилс што збори Миленко“, не значи дека треба да слушате и да не научите нешто што не знаете.

Беше “смешно“ и кога пред 10 години ги отворив темите за “11 Септември“, па со време се виде дека нема четврт авион, дека не удрил авион во Пентагон, дека нема погреби и закопи колку што наводно имаше мртви во кулите… И крајно, остана неодговорено најбитното прашање, поставено до Даниеле Генсер (нормално, гост во мојата емисија): Два авиона – три згради?

Значи, пак да ви кажам. Нема загадување. Има запрашување.