Што пишуваше во тестаментот на Александар Македонски?

history-lists-alexander-the-great-death-142081611-E

Деновиве актулен е податокот дека е откриен тестаментот на големиот војсководец. Во недостатокот на сигурни информации дали и што сакал да им пренесе на своите поколенија, еве најточна информација за наследството што го остава Аце д грејт. Документот се однесува на поновата историја, онаа што ја гледаме.

За полесно да го разбереме документот, во тестаментот, илустративно, културното и материјално наследство Аце го опишал како маса на која има многу овошје, за да може, разните генерации разбирливо да го толкуваат.

Секако, масата со овошје претставува земјата Македонија, со се она вредно што го има во моментот. И, секако се однесува на тие што ќе имаат моќ во одредена ситуација да раководат со масата и тоа што има на неа – овошјето.

fruit

Значи вака:

1
Без разлика дали сте браќа, сестри, комшии или пак не се познавате, има да се потепате за овошјето, очи да си извадите – така најслатко ќе ви биде кога ќе го јадете.

2
Колку сте побараби, толку повеќе вам ви припаѓа овошјето

3
Ако може, направете документ според кој ќе ја рентате масата на некој комшија од странство, за он да го јаде овошјето, ама во тој случај, тој што ќе го изрента, задолжително да земе провизија. Провизијата нека не биде висока – медиокритетски, малку, колку да се рече.

4
На сиромашниот народ никако не му давајте од овошјето. Само богатите да јадат, зошто нив веројатно повкусно им е. На народот може да му кажете дека вие не сте го изеле овошјето и дека не знаете дека имало овошје на масата

5
Ако од семките може да направите повеќе овошје – немојте. Така не дај боже ќе има за сите

6
Ако некој сака да земе од овошјето, веднаш прогласете го за непријател, и гледајте што поскоро да го елиминирате, било како

7
Тој што сака да ви земе од овошјето, може и пријател да ви биде, ама договорете се прво. Ако има земено претходно дел од овошјето, ветете му дека нема никому да кажете, за да може вие кога ќе земате сега, и он да не ве каже вас

8
Додека го јадете овошјето, гледајте со презир на тие што не го јадат, зошто немале среќа, знаење или било што потребно, они наместо вас да се дограбаат до овошјето.

9
Многу овошје да е, зимајте. Малку да, зимајте. Колку, толку. Ако не земете вие, ќе земе тој што после вас ќе седне на масата. Секако ќе се изеде, зошто вие да не го изедете.

10
На крај, никако не заборавајте да ги научите децата како први да зграбаат од некое друго овошје што ќе има на маса, во однина, мада, гледајте, ништо од овошјето да не оставите. Што може да изедете сега, јадете, и да ви се лоши, повраќа… Не е битно, јадете колку може повеќе сега, зошто утре може ќе нема.