15-те заповеди од Наполеон

napoleon

Тој како прв конзул и император побарал од сите писатели, уметници и артисти да ги опејуваат и раскажуваат неговите победи. А како најголем спомен за неговите победи е изградбата на Триумфалната капија во Париз.

Многу мудри мисли и изреки искажани од Бонапрата останале да сведочат за неговата генијалност:

  1. „Лидерот е трговец со надеж.“
  2. „Човекот се бори посилно за своите интереси отколку за своите права.“
  3. „Сликата вреди илјада зборови.“
  4. „Способноста е ништо без можноста.“
  5. „Храброста е како љубовта, мора да постои надеж за таа да се потхранува.“
  6. „Оној кој знае да ласка, знае и да клевети.“
  7. „Ако сакаш некоја работа да биде добро направена, сработи ја сам.“
  8. „Имагинацијата владее со светот.“
  9. „Во политиката глупавоста не е хендикеп.“
  10. „Никогаш не прекинувај го непријателот додека прави грешка.“
  11. „Ништо не потешко, а истовремено и поскапоцено од тоа да можеш да одлучуваш.“
  12. „Победата им припаѓа на најупорните.“
  13. „Најсигурниот начин да останеш сиромашен е да бидеш чесен.“
  14. „Фрли ги твоите грижи заедно со алиштата кои ги соблекуваш навечер.“
  15. „Религијата е она што ги спречува сиромашните да ги убијат богатите.“