17 животни мудрости од Платон со чија помош некои работи ќе бидат појасни

platon2

Платон бил философ од древна Грција, ученик на Сократ и учител на Аристотел. Се смета за една од клучните фигури во развојот на философијата, особено во западната традиција и е основач на академијата во Атина, првата институција за повисоко образование во западниот свет. Заедно со Сократ и неговиот познат ученик Аристотел, Платон ги положил основите на западната философија и наука.

Преку Платоновите дијалози можат да се научат многу нешта за философијата, етиката, реториката, религијата, државноста, патриотизмот, човечката среќа, музиката итн. Неговата теорија за формите е почеток за уникатен поглед кон абстрактните предмети, што подоцна ќе се претвори во школа на мислата наречена Платонизам.

Ви претставаме грст мудри мисли од овој антички мудрец, кои можат да ги продлабочат вашите познавања и да ве поттикнат да си го подобрите животот.

За мудроста

1. Мудрите луѓе говорат бидејќи имаат што да кажат; будалите бидејќи мораат да кажат нешто.

2. Не терајте го детето да учи со сила или строгост, туку насочете го со тоа што го возбудува неговиот ум, за подобро и поточно да ја откриеш генијалноста свиена во секое од нив.

3. Душата не зема ништо со неа во другиот свет освен нејзиното образование и нејзината култура. На почетокот на патот кон другиот свет, стекнатото образование и култура можат да бидат најголемата помош, но можат да бидат и најголемиот товар за личноста која починала.

4. Празниот сад прави најсилен звук, па така и тие со најмалку мудрост се најголеми брборковци.

За љубовта

5. Љубовта е сериозно ментално заболување,

За луѓето и нивното однесување

6. Никогаш не обесхрабрувај некого кој постојано напредува… без разлика колку споро.

7. Човечкото однесување произлегува од три главни извора: желба, чувство и знаење.

8. Постојат две нешта на кои човек никогаш треба да се лути – што може да се помогне, и што не.

9. Има три вида на луѓе: љубители на мудрост, љубители на чест и љубители на богатство.

10. Луѓето се како земјата. Можат да те хранат и да ти помогнат да пораснеш како личност или можат да го попречат твојот растеж и да направат да се исушиш и умреш.

11. Најголемата мудрост е да живееш задоволен со малку.

12. Убавината е во окото на набљудувачот.

За политиката, законите и војнага

13. На големите луѓе не им требаат закони да им кажат да се однесуваат одговорно, додека лошите луѓе секогаш наоѓаат начини да ги заобиколат законите.

14. Лесно можеме да му простиме на дете кое се плаши од темнината; вистинската трагедија на животот е кога возрасните мажи се плашат од светлината.

15. Херој се раѓа еднаш во сто, мудрец еднаш во илјада, но остварен мудрец се наоѓа еднаш во сто илјади луѓе.“

16. Само мртвите го виделе крајот на војната.

17. Една од казните за одбивањето да учествувате во политиката е тоа што завршувате така што ве управуваат инфериорни од вас.