20 инспиративни мисли за животот и среќата

happiness-main

Ако животот ви се чини многу суров, ако сте разочарани од многу работи и многу личности, не обидувајте се да разберете и не прашувајте зошто е тоа така! Продолжете понатаму, бидејќи животот е надеж што секогаш се раѓа повторно.

Во прилог дваесет мисли и мудрости за животот и среќата:

1. Можеме да го прифатиме конечното разочарување, но никогаш не смееме да ја загубиме бесконечната надеж. – Мартин Лутер Кинг

2. Луѓето го сакаат она што е добро или што мислат дека е добро, но обично грешат во проценката што е добро.
– Жан Жак Русо

3. Во животот како и во шахот, ги забележуваме нашите грешки тогаш кога другите ќе ги користат нив.
– Толстој

4. Немаме право да уживаме во среќата ако не ја делиме со другите, токму како ни во богатството ако и за другите не го произведуваме.
-Бернар Шо

5. Среќен е мудриот човек, бидејќи во него се соединуваат доброто здравје, доброто срце и средениот образуван дух.
– Мантегаца

6. Оној кој самиот себе се лаже, најлесно се навредува.
– Достоевски

7. Најдобар знак за вистината е едноставноста и јасноста. Лагата секогаш е замрсена, накитена и речита.
–Толстој

8. Добрината е мудрост, а можеби и највисока мудрост. Луѓето не се добри само затоа што се мудри, туку се и мудри затоа што се добри.
–Лорка

9. Успехот ти носи многу работи, но не и она чувство на длабока среќа
кое ти го дава љубовта.
– Семјуел Голдвин

10. Сите ние знаеме што сме , ама не знаеме што може да станеме.
– Шекспир

11. Целта ги оправдува средствата, ама ниту една цел не може да биде толку возвишена за да ги оправда нечесните намери.
– Алберт Ајнштајн

12. Тајната на постигнувањето повеќе е во тоа дека треба да започнете. Тајната на започнувањето е во кршење на комплексните неиздржливи задачи на мали изводливи задачи и потоа, почнување со првата.
– Марк Твен

13. На срцето полно со храброст и добрина, од време на време му е потребна мала доза на опасност, инаку животот му станува неподнослив.
– Ниче

14. Светот е тесен, а паметот е неограничен. Мислите лесно живеат една покрај друга, но работите болно се судираат во просторот.
– Шилер

15. Најтивките зборови носат бура, а мислите кои доаѓаат тивко на прсти, управуваат со светот.
– Ниче

16. Најголемиот освојувач е оној кој знае да победи без борба.
– Лао Це

17. Човекот кој е душевно богат, и во потполна осаменост одлично се забавува со сопствените мисли.
– Артур Шопенхауер

18. Две нешта ја исполнуваат мојата душа со восхит: ѕвезденото небо над мене и моралниот закон во мене.
– Емануел Кант

19. Кога би сакале да бидеме само среќни, тоа лесно би го постигнале. Но, ние сакаме да бидеме посреќни од другите а тоа е секогаш потешко, затоа што сметаме дека се посреќни отколку што сè.
– Монтескје

20. Да подучува без зборови, да извршува без дејствување, тоа е патот на учителот.
– Лао Це