20-те мудри мисли на Соломон: Што е најважно во животот?

solomon

Огромната мудрост што се состои во секоја од овие 20 е безвременска и не познава граници. Овие цитати ќе ве научат кои се најважните работи во животот и што е она кон кое навистина треба да тежнеете и да го остварите.

1. „За сè постои свое време; време кога ќе се родиш, и време кога ќе умреш; време кога се урива и време кога се гради; време кога камењата се расфрлуваат, и време кога камења се собираат; време кога се молчи, и време да се зборува.“

2. „Дури и будалите може да бидат сметани за мудри кога молчат.“

3. „Подобро е да не ветуваш, отколку да ветиш, а да не исполниш.“

4. „Подобро е да имаш пријател отколку да бидеш сам. Ако паднеш, пријателот ќе ти помогне да станеш. Но, ако паднеш без да имаш пријател во близина, тогаш навистина си во неволја.“

5. „Секоја паметна жена ја гради сопствената куќа, само глупавата жена ја урива со своите раце.“

6. „Мажот кој му ласка на соседот шири мрежа за неговите чекори.“

7. „Сфатив дека не постои ништо подобро за еден човек, отколку да ужива во својата работа, бидејќи истата е негова судбина.“

8. „Не постои човек кој има моќ над духот да го задржи духот, ниту пак има моќ над денот на смртта.“

9. „Реките течат во морето, но морето никогаш не е полно. Водата повторно се враќа во реките и тече повторно кон морето.“

10. „Кој бавно се разгневува подобар е од силниот, а кој владее со својот дух подобар е од оној кој поседува цел град.“

11. „На денот на благосостојба биди весел, но во денот на неволја размисли: и двете овие работи постојат за човекот да не открие што следи по него.“

12. „Златен прстен на свинска муцка е како убава жена без дискреција.“

13. „Прво ќе научите што е понизност, а дури потоа ќе ја искусите славата.“

14. „Мудроста е нешто основно, затоа барајте мудрост и додека ја барате, ќе научите да ги разбирате работите.“

15. „Гневот е суров, а бесот незадржлив, но кој може да издржи пред љубомората?“

16. „За секој кој се придружил на живите, има надеж.“

17. „Омразата покренува конфликти, но љубовта ги покрива сите гревови.“

18. „Дознав дека мудроста е подобра од глупоста, како што светлината е подобра од темнината. Глупоста ве остава во мракот. Но, мудар или глупав, сите на крајот ќе завршиме исто… сите ќе умреме и за кратко ќе бидеме заборавени.“

19. „Дури и во смеа срцето е тажно и на крајот на секоја радост има тежина.“

20. „Гордоста оди пред уништувањето, вообразеноста пред падот.“