Ужасно – 77-годишен старец се обидел да силува 11-годишно дете

pedofilija

Гнасен чин на 77 годишен охриѓанец кого полицијата го сомничи за сторено кривично дело „полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“.

Гнасен чин на 77 годишен охриѓанец кого полицијата го сомничи за сторено кривично дело „полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“. Педофилот, на 12-ти минатиот месец, сред бел ден околу 14 часот додека со автомобилот се упатувал кон својот дом, го видел малолетното дете кое добро го познавал, бидејќи биле соседи,го запрел возилото и му пришол.Прекинувајќи го во детската игра,му го одвлекол вниманието,започнувајќи разговор околу празникот „Василица“ прашувајќи го кога се палат огнови. По неколку минути, го повикал 11 годишното дете заедно да одат до автомобилот кој го паркирал до неговата гаража,велејќи ми дека ќе му покаже интересни работи.

Кога стигнале до автомобилот охриѓанецот, извадил еротски списанија а потоа веднаш ја отворил вратата од гаражата прилепена до семејната куќа,го турнал малолетникот во гаражата, заклучувајки ја вратата и почнал насилно да се однесува,бестрамно да го прегрнува малолетното лице допирајќи го по целото тело.

Тука се случил грозоморниот чин по што малолетникот успеал да се спротивстави на неговите физички напади,го оттрунал и успеал да ја отвори вратата од гаражата и да избега од местото на настанот и веднаш го пријавил во полиција.-Изјава Стефан Димоски-портпарол на СВР Охрид.

Полицијата поднесе кривична пријава против монструмот ,кој ситнејќи ја 8 деценија од живот, се осудил да изврши полов напад врз малолетно дете.Во моментов нему му е одредена мерка куќен притвор.