Tест возење со новиот SUV Peugeot 3008 и дружeње со автомобилските новинари

16508798_1369301416462510_980908147974978191_n

На ден 06.02.2017, во тест центарот на Еуроимпекс, автомобилските новинари имаа можност да се запознаат одблиску со Новиот SUV Peugeot 3008.

Еуроимпекс со огромно задоволство го претстави Новиот SUV како нов член на фамилијата Peugeot кој го носи слоганот „Далеку пред сите“ на што истите едногласно потврдија дека слоганот сосема му прилега.

Почнувајќи од надворешниот дизајн, ентериерот, моторите, технолошките достигнувања, овој SUV гордо ги освои срцата на сите присутни.

За време на возењето секој од лицата учесници имаше можност во одредени стоп точки да ја промени својата позиција во возилото со цел да ги почувствува перформансите на моделот од повеќе аспекти, во улога на возач, совозач или пак патник на задната клупа, каде подот е целосно рамен, па дури и да се наоѓа во средишна позиција, патникот има целосно чувство на комфор.

Возилата со кои управуваа нашите автомобилски експерти беа со следниве мотори и опрема:
· 3008 Active 1.2 Pure Tech 130 КС
· 3008 Allure 1.6 THP 165 КС AT
· 3008 Allure 1.6 Blue HDi 120 КС
· 3008 Allure 2.0 Blue HDi 150 КС
· 3008 Allure 1.6 Blue HDi 120 КС AT

Како еден од поинтересните мотори кој беше тема на дискусија беше 1.2-литарскиот PureTech турбо-бензинец со 130 коњски сили. Овој мотор е прогласен за „Мотор на Годината“ две години по ред (2015,2016). Истиот мотор беше споменуван и кај 2008 SUV.

Посебен адреналин предизвика возилото 3008 Allure 2.0 Blue HDi 150 KС целосно опремено со сите нови технолошки достигнувања, како и безбедносни мерки кои имаа можност на самото возење да ги почувствуваат и тестираат.

15578091_1317391804986805_2789687171475254580_o

Имено за ова возило можеме да зборуваме многу, но еве неколку од елементите со кои е единствено и препознатливо на пазарот:

– Неговата нова предна решетка со хромиран прстен околу халогените предни светла со брусен и моќен изглед, елегантни, мачкасти Full LED светла во комбинација со врежана коцкаста предна маска, флуидни и динамични линии, нагласени со вметнатиот детаљ на елегантно хромирано крило продолжено со кровен лак од нерѓосувачки челик.

– 8 инчниот екран на допир, персонализиран и конфигуративен 12,3 инчен Heads up дигитален дисплеј, врвен компактен управувач со интегрирани контроли и поставеност сосема удобна за возачот, со цел да не почувствува замор во пределот на рацете.

– Многуте безбедносни мерки, како: Active Safety Brake & Distance Alert, Active Lane Departure Warning, Driver Attention Warning, Smart Beam Assistance, Speed Limit Sign Recognition & Recommendation, Adaptative Cruise Control With Stop Function, Active Blind Spot Monitoring, 360° View.

– Подигнатото растојание од тлото (клиренс) 22 cm, највисок во C-сегментот на SUV возила. Големите тркала и профилираните шипки на покривот кои му даваат уште по робустен изглед дополнет со подигната линија во средишниот дел за покомпактен изглед.

– На задниот дел на возилото Ве поздравуваат 3 проѕирно-црвени канџи од LED диоди кои се препознатливи уште од далечина од 100 метри.

– I-Cocpit Amplify кој ви овозможува промена на режим на возење од динамичен во релаксирачки, седишта со 8 точки за масажа, гласовно бирање на функции, промена на мирисот во возилото.

– Повисоко поставена централна конзола за целосно внимание на возачот без при тоа да го трга погледот од патот. Посебно внимание привлекуваат „пијано клавиши“ или поточно TOGGLE прекинувачите кои служат за полесен и побрз пристап до потребните функции како (клима уред, радио, навигација, телефон и мобилни апликации итн)

– Advanced Grip Control + HADC (Hill Assist Descent Control) со употреба на 5 режими на возење. Нормален режим, режим песок, режим кал, режим снег, како и режим за ESP off, односно можност за исклучување до брзина од 50 km со цел да му се овозможи на возачот целосна автономија, а со опцијата Descent Control останувате под потополна контрола дури и кога ќе се соочите со најстрмните патеки без при тоа да треба возачот да ја користи педалата за сопирање.

15391028_1309708629088456_8104753973329432026_n

„Како дел од C-сегментот во SUV класата на возила, овој модел користи нова ЕМP2 платформа. Споредбено со претходниот модел, новиот SUV Peugeot 3008 е подолг за 8 cm, полесен за 100 KG и има подолго меѓуосовинско растојание за 6 cm.

Овој модел конкретно е креација за Европскиот пазар, каде што се посветува посебно внимание на помала потрошувачка, заштита на околината со помала емисија на CO2, па токму поради тоа е донесена одлуката за Advanced Grip Control наспроти погон на сите 4 тркала. Сè со цел да се намали тежината на самото возило, а понатаму и сите горенаведени параметри“ – изјави Г-дин Томислав Нафидов, Директор на продажба во Еуроимпекс.

Повеќе информации за Новиот SUV Peugeot 3008 можете да најдете на веб страницата www.peugeot.mk или на FB страницата> FB/PeugeotMacedonia

16463024_1369300859795899_6386526129045623015_o