Денес е празник на семејството, еве што треба да направите

praznik

Сите беа едно семејство, а живееја во петтиот век во Цариград. Таткото Ксенофонт беше патрициј. Со жена му Марија имаше два сина Јован и Аркадиј. Сите се одликуваа со длабок благочестив живот. Се случи Јован и Аркадиј, тргнати на школување во Бејрут, да доживеат бродолом, што ги раздели, без да знаат еден за друг дека се живи. И родителите ги мислеа мртви, но од еден сон дознаа за нивната вистинска судбина, па појдоа во Ерусалим да ги најдат. Распрснатото семејство најпосле, на чудесен начин, повторно се собра заедно. Сите таткото, мајката и двајцата браќа зедоа на себе монашки подвиг и го прославија Бога преку светите животи. Сите нив Црквата ги вброи меѓу светителите.

Празникот Преподобен Ксенофонт, Марија, Јован и Аркадиј, кој секој верник треба да го помине со семејството, се смета за празник на мирот, љубовта и слогата во семејството.

Денеска заедно со семејството треба да запалите свеќа во црква, според старите обичаи, родителите палат за Ксенофонт и Марија, децата за Јован и Аркадиј.