Македонците и Европејците со ист вкус за Ford возила

ford

Македонците имаат ист вкус при изборот на Ford возила како и граѓаните на Европа. И во земјава и на европско ниво, купувачите најмногу ги фаворизираат моделите на Fiesta, Focus и Mondeo.

Според маркетинг директорот на овластениот импортер за Македонија, Ми-Да Гранд Моторс, Предраг Николовски, моделот Fiesta е најпродавано мало возило веќе 4-години по ред, по што следуваат Focus и Mondeo.

„Вкупната продажба на Ford возила во Европа е 1.041.431. Од нив, 74% се патнички возила. Она што е интересно е тоа што Европејците ги одбираат повисоките нивоа на опрема кај Ford возилата како Титаниум и Vignale, бидејќи имаат доверба во брендот. Исто така, голем раст во продажбата забележуваме и кај спортските модели на Ford како Mustang, Focus RS, Fiesta ST и Ford GT“, објаснува Николовски.

Брендот Ford во Македонија, 2016-та година, ја заврши на трето место по број на продадени возила. Најпродавани модели од патничката програма се Fiesta, Focus и Mondeo. Сепак, уште повеќе да го олесни пристапот на купувачите до омилените Ford возила, Ми-Да Гранд Моторс започна продажна акција “Понуда со стил“ за најпродаваните модели – Fiesta, Focus и Mondeo.

„Она што го нудиме е токму тоа што потрошувачите го бараат. Може да се задоволи секој стил на македонските возачи, без разлика дали станува збор за градско, за динамично или за елегантно возило. Огромен дел од продажбата, сé уште, се комерцијалните возила на Ford кои се број еден во Европа“, вели Николовски.

Затоа, Ми-Да Гранд Моторс ги повикува сите заинтересирани граѓани на тест возење на моделите на Ford во продажниот салон.