Новиот iPhone навистина би можел да биде фантастичен

61334847-iphone-8-koncept-foto-9to5mac

На десет годишнината од претставувањето на првиот iPhone модел, Apple повторно би можело да го воодушеви светот.

Отприлика половина година остана до моментот кој технолошкиот свет, независно од тоа дали спаѓате во обожаватели или луѓе кои го мразат Apple, желно го очекуваат. И тоа со право, бидејќи оваа година се навршуваат точно десет години откако покојниот Стив Џобс го претстави првиот iPhone, и засекогаш, го промени не само светот на паметните телефони и технологијата, туку и светот воопшто. Можеби ваквото тврдење звучи помалку претенциозно и тендцеиозно, но откако iPhone го здогледа светлото на денот, повеќе ништо не беше исто.

Токму поради ова, Apple едноставно мора оваа година, кога ќе биде претставен новиот iPhone (нема потврда дали ќе се нарекува iPhone 8, 10 или некако поинаку), одново ќе лансира производ кој ќе ги воодушеви сите. Доколку можеме да им веруваме на изворите кои тврдат дека се инсајдери на Apple, оваа година можеме да очекуваме навистина кул паметен телефон.

Новиот телефон на Apple, најверојатно би бил со нов дизајн, нов чип, нови подобрувања на батеријата, нов екран, нови бои, безжично полнење, препознавање на зеницата на окото и лицето. Сите овие се карактеристики кои во себе може да ги има новиот iPhone.

Покрај овие карактеристики, се очекува новиот телефон да има и неколку технолошки решенија. Еден од таквите адути би можело да биде имплементацијата на проширената реалност и можностите за 3Д мапирање во новиот уред.

Наводно, Apple само за оваа технологија има на располгање цела војска инжинери, девелопери и дизајнери, чиј број би надминал над илјада лица. Токму поради ова, сигурни сме дека новиот iPhone во себе ќе има технологија и функции какви што досега немал ниту еден iPhone модел.

Но, љубителите на овој бренд паметни телефони ќе се разочараат кога ќе дознаат колкава ќе биде цената на овој модел. Според сите извори, таа дефинитивно нема да изнесува под илјада американски долари.

Погледнете го видеото во продолжение и дознајте за што всушност се работи: