Чудо од зачин кој го “заменува” вежбањето

61335188-zacini

Чудо од зачин кој го “заменува” вежбањето…

Теоретски, ништо не може да го замени т.е надомести вежбањето – освен куркумата. Доколку овој можен зачин се уште не сте го сместиле во своите оброци, можеби ќе го направите тоа откако ќе го прочитате ова и ќе дознаете каков ефект има на вашето здравје.

Голем број медицински истражувања од неодамна утврдиле дека куркумата има извонредната кардиопроективна ефективност. “Nutrition Research” откри дека куркумата, односно полифенолот во куркумата, во подобрувањето на васкуларните функции има еднаков ефект како и умереното вежбање.

Во осмодневниот период на истражувањето, учествувале исклучиво жени кои биле поделени во групи. Експертите пред почетокот на испитувањето утврдиле каква е состојбата на нивниот васкуларен состав, а се фокусирале на ендотелот – тенок слој клетки на површината на крвните садови кој е важен индикатор за артерискиот еластицитет и функциите на васкуларниот систем.

Една група од испитаничките секоја неделна минимално 4 пати имала едноставен тренинг под стучен надзор додека испитаничките во другата група не вежбале и секој ден конзумирале 150 милиграми екстракт од куркума.

После завршувањето на испитувањето забележано е дека честото земање на куркума влијае исто како и вежбањето, односно го подобрува ендотелот.

Експертите секако тврдат дека вежбањето никако не треба да се изостави, меѓутоа сепак тврдат дека секој човек треба да го воведе овој зачин во својата прехрана.