3 тајни на изгледот на најубавите жени на светот кои лесно се копираат

61335099

Пријанка Чопра денес е успешна глумица во Холивуд и Боливуд, но во 2000-та година, само што ја започнуваше својата кариера кога доби титула Мис на светот.

Во продолжение можете да дознаете неколку нејзини мали тајни кои се задолжени за нејзиниот изглед и фит фигурата кои можат сите да ги копираат.

  1. Природна козметика

Пријанка Чопра верува во органската козметика и негувањето на кожата и косата со сотојки од природата. Не не чуди тоа што денес само прави маска за лице, тело и коса чиј рецепти ги добила од својата мајка и баба.

Пилингот за усни го прави од морска сол и малку вода од ружа, со кои нежно го масира ова подрачје. Прекрасната коса ја хидратизира со маска од јогурт и мед, а сувата кожа на телото ја решава со домашно направена крема по име Убтан.

Таа се состои од двестотини грама брашно во кое додава неколку капки лимон и доволно јогурт за да создаде мазна паста. Нејзе потоа ја зачинува со куркума, па истата ја нанесува на целото тело, ја држи 30 минути а потоа се тушира.

Жените во Индија ги сакаат природните производи, а овие работи навистина делуваат за мене, призна Пријанка за американскиот магазин “Vogue”.

  1. Вода за фит фигура

Кога не снима, Пријанка не нанесува шминка на лицето, но сака да го заштити од штетни зрачења со крема за сончање и кокосово масло.

Кокосовото масло ќе го промени вашиот живот и доколку го пиете секој ден, тврди таа. Експертите препорачуваат една кафеава лажичка масло да се растопи во загреана вода или во топол чај и да се испие дваесетина минути пред ручекот или вечерата. Токму овој чекор, ќе го намали вашиот апетит.

Уште една евтина тајна на нејзината убавина лежи во пиењето големи количини вода, понекогаш со свежо исцеден лимон, со што таа ги отстранува токсините од телото, но ја поттикнува и работата на метаболизмот.

  1. Здравата прехрана

За убава кожа и фит фигура клучна е и здрава прехрана. Пријанка обожава да јаде, а најчесто јаде пилешко, комбинирано со многу свежо овошје и зеленчук. Избегнува пржена храна, а за викенд обожава да си дозволи и некој благ и сладок рецепт.