Google покрена онлајн сервис за деловни состаноци

61334826-google-meet

Google штотуку го покрена Meet, новиот сервис за деловни состаноци кои на корисниците им овозможува онлајн состаноци.

Иако сето ова звучи слично на системот кој го има Hangouts, овој сервис е повеќе насочен кон деловните корисници и има ограничен сет на функционалности.

Meet ќе ви овозможи да започнете состанок или се придружите на веќе постоечките состаноци по пат на страница или апликација за Android и iOS платформите. Состанокот можете да го започнете со креирање код, после што секој со тој ист код може да се придружи.

Состанокот може да се одржи во видео облик, кој може да биде до 720p резолуција или само во аудио верзија. На видео состанокот можете да се видите со личност со која можете да разговарате на врвот на екранот, заедно со листа на останати членови кои се наоѓаат под него.

61334825-google-meet

Google треба службено да го најави Meet бидејќи моментално можете да пристапите кон страницата, но не можете да ги користите нејзините услуги. Мобилните апликации пак, се уште не се појавени во онлајн продавниците на двата најкористени оперативни мобилни системи.