Snapchat и официјално излегува на берза

61334246-evan-spiegel

Snapchat излегува на берза: Вредноста на компанијата изнесува 24 милијарди долари.

Пазарната вредност на Snapchat при излегувањето на берзата е проценета на 24 милијарди долари, а цената на акциите ќе изнесува 17 долари.

Иако некои анаитичари минатата година разговараа за вредноста на Snap, и тврдеа дека вистинската вредност на оваа компанија изнесува 40 милијарди долари, тие бројки се покажаа како нереално.

Се уште е рано за да видиме какви реакции ќе има на пазарот за Snapchat. Иако оваа апликација ја користат огромен број луѓе, нејзиниот раст е успоред, а Snapchat минатата година успеа да оствари импресивен профит.

Освен од апликацијата, оваа компанија во иднина ќе може да профитира и од продавање хардвер – нивните наочари со вградена камера која ќе може да снима кратки видеозаписи кои потоа ќе можат да бидат објавени на Snapchat се веќе во продажба, а во оваа компанија наводно размислуваат и за развој на дрон и камера која ќе може да снима видео записи во 360 степени.

Интересно е што Марк Цукерберг пред неколку години сакаше да го купи Snapchat – прво понуди милијарда, а потоа дури три милијарди долари, но еден од основачите и CEO на компанијата Еван Шпигел го одби Закерберг, и тоа се покажа како фантастичен потег, бидејќи вредноста на Snapchat сега изнесува 2,4 милијарди долари, додека богатството на Шпигел се искачи на речиси 4,5 милијарди долари.