Голема промена на Android: Паметните телефони денес добија нова моќна опција

Google-Assistant

Новата функција ќе биде достапна на моделите на телефони на компаниите Sony, Samsung, HTC и Huawei.

Компанијата Google започна да го објвува дигиталниот помошник Google Assistant на телефоните кои работат на Android 6.0 Marshamllow и 7.0 Nougat верзиите. Досега, оваа опција беше резервирана само за нивните Pixel телефони.

Моментално не е познато кои се модели на телефони ќе добијат Google Assistant, но доколку имате среќа, уште сега на Google маркетот ќе имате опција за ажурирање на Google Play Services, кој ќе ја донесат споментата опција.

Google својот дигитален помош го најави уште во октомври 2016 година, кога се претставени Pixel телефоните, но тогаш беше резервиран само за овие модели.

Овој систем работи на вештачка интелигенција, која се разликува од досегашниот Google Now.

Google Assistant ќе овозможи подобар и личен однос со корисникот, а со нив ќе може и да се разговара. Со нив е можно да се прави потсетник, листа, резервции, но и да се добие помош за разни прашања кои ќе ве интересираат.

Интернет гигантот потврди дека Google Assistant прво ќе им биде достапен на корисниците во Америка, а потоа во Австралија, Канада, Велика Британија, Германија и остатокот на Европа.

Погледнете го видеото во продолжение и дознајте за што всушност се работи: