НАСА објави амбициозен план за трансформирање на Марс

778943555810_Mars_BigThinker_Enduring the Journey.mov.00_02_36_21.Still001

НАСА објави амбициозен план за тераформирање на Марс за идно населување на луѓето, со распоредување на голем магнетен штит што ќе орбитира околу нашиот најблизок сосед и ќе го заштитува од елементите овозможувајќи да се оформи нова атмосфера.

Штитот ќе дејствува како магнетосфера, штитејќи го Марс од соларните ветрови и остатоците, со крајна цел да се овозможи на површината на планетата да тече течна вода, велат научниците.

Овој предлог, ако се спроведе, секако би бил подобар од нуклеарното бомбардирање на ледените површини на Марс предложено од Илон Маск.

Директорот на Одделот за планетарни науки на НАСА, Џим Грин, минатата недела за Работилницата планетарна научна визија 2050 објасни дека поставувањето магнетен штит меѓу Марс и сонцето ќе ѝ овозможи на магнетосферата да се формира, што ќе биде претходник на комплетната атмосфера.

„Оваа ситуација потоа спречува многу од ерозивните процеси на соларните ветрови што се јавуваат со јоносферата и горниот дел од атмосферата на планетата овозможувајќи ѝ на атмосферата на Марс со текот на времето да расте во притисок и во температура“, велат Грин и неговиот тим од истражувачи.

Иако можеби звучи преамбициозно, тимот укажува на слични системи што веќе се наоѓаат во орбитата околу Земјата за да ги штитат астронаутите од сончевото зрачење. Тие исто така веруваат дека ако еден таков магнетен штит биде поставен за да го штити Марс, планетата за неколку години ќе може да регенерира атмосферски притисок и до половина од Земјиниот.

„Ова не е тераформирање какво што можеби замислувате кога ние всушност вештачки ја менуваме климата, туку ние ја оставаме природата да го направи тоа, а тоа го правиме врз основа на физиката што ја знаеме денес“, вели Грин.