Неколку типови на луѓе кои постојано треба да ги избегнувате

3-horoskopskiot-znak-vi-otkriva-koi-karakteristiki-ve-pravat-odlichna-devojka-vo-vashata-ljubovna-vrska

Многу е лесно да се потроши многу време и енергија во соочувањето со одредена категорија на луѓе.

Овие проблематични личности создаваат конфликти и турбуленции, а воопшто не е тешко да заглавите во односот со нив. Децата немаат многу избор со кого ќе се поврзат, но возрасните имаат! Во продолжение следат 10 типови на личности, или токсични луѓе кои би требало да се избегнуваат по секоја цена:

1. “Вулкан” – Овој тип на личност под површината носи голема количина на гнев. Порано или покасно, вулканот ќе еруптира и ќе ја излее својата лава на вас. Нивниот гнев, по правило не е пропорционален на она што им се случува. Наместо да чекате да почнат да фрлаат со предмети по вас, подобро би било на време да си заминете.

2. “Шармер” – Овие луѓе се попознати како социопати. Овој тип на личности секогаш знаат што треба да кажат и како да се постават во ситуациите, но нивната главна цел е да го добијат она што го сакаат. Тие лажат со насмевка на лицето. Мамат, крадат, манипулираат и експлоатираат. Макијавели синдромот, односно “целта ги оправдува средствата” е нивното главно мото. Убедени се дека можат да ги кршат општо прифатените правила без никакви последици, а сето тоа го прават лежерно и без ронка совест.

3. “Нарцис” – Оваа личност се смета за супериорна во однос на другите. На почетокот обично делуваат фино, но набрзо би можеле да сфатите дека тие се грижат само за себе и за своите потреби. Ќе ве одбијат кога ќе побарате поддршка од нив, а освен тоа, агресивно ќе ви се нафрлат секогаш кога нема да бидете пресретливи на нивните желби и потреби.

4. “Драматизер” – Овие личности копнеат да бидат во центарот на вниманието или се подготвени да предизвикаат криза, каде и да се појават. Или се во неприлика и бараат да бидат спасени, или им создаваат големи проблеми на луѓето во нивниот живот. Обично се трудат да ги вртат луѓето едни против други, а потоа се држат настрана и уживаат во шоуто.

5. “Циник” – Оваа огорчена и полна со лутина личност успева да ја види негативноста во сите ситуации и луѓе. Но всушност, ваквото однесување само е психолошка одбрана на нивната емоционална ранливост. Тие потсвесно се убедиле дека негативноста и песимизмот ќе ги заштити од емоционална повреда. Проблемот е во тоа што, ваквото однесување е штетно за сите кои доаѓаат во допир со нив.

6. “Жалител” – Овие личности ги обвинуваат сите за она што се случува во нивниот живот. Со самото тоа што одбиваат да превземат одговорност за последиците од нивните избори, тие постојано ги повторуваат истите грешки – ad infinitum, обвинувајќи ги другите дека се одговорни за нивното страдање.

7. “Бушилка” – Ова е претенциозна личност која страда од “величини” и има голема амбиција, па сите луѓе ги доживува како пречка на неговиот пат кон успехот. Тие се подготвени да направат се за да дојадат до пари, моќ и статус. Сите социјални интеракции за нив претставуваат средство за да го достигнат животниот стил кој го посакуваат. Тие се неспособни за вистинска наклонетост.

8. “Лудото дете” – Тие се бунтовници кои никогаш не ги почитуваат правилата; тие се некомформисти. Во почетокот може да ви се чинат возбудливи и забавни, но набрзо ќе ви стане јасно дека нивната безобѕирност не почитува ништо и дека се работи за навредливи и непривлечни личности. Па дури и ако се волни да ги сносат последиците од нивната импулсивност, вие не морате!

9. “Сонувач” – Оваа личност секогаш има некоја голема тајна за успех на дофат на рака. Тие се полни со големи идеи и планови, но или не се доволно истрајни за да ги реализираат или се крајно непрактични, а тоа секогаш води кон општествена и финансиска катастрофа. Ако се приврзете за овој брод што тоне, се ставате самите себе во ризик и вие да потонете.

10. “Изгубеното дете” – Оваа личност страда од синдромот на Петар Пан. Тие одбиваат да пораснат, а освен тоа се обидуваат да ги натераат нивните пријатели и сакани да се грижат за нив – емоционално и финансиски. Ова недефинирано дете може да порасне доколку сака, но со самото тоа што никогаш не превзема одговорност за себе, вие ќе мора да се грижите за се што е потребно.

Кога еднаш ќе успеете да ги препознавате овие 10 бељаџии, ќе бидете способни навремено да реагирате и да не им дозволите да влезат во вашиот живот. Наместо да бидете фатени во фрустрирачка и неуредна ситуација, можете да ги избегнете и да ја фокусирате вашата енергија на градење успешни и задоволувачки односи, кои ќе бидат ослободени од непотребна драма и компликации.