НАТО на само 25 километри од Скопје, исфрлил 10 тони осиромашен ураниум

maxresdefault

Медиумите во Косово дури објавија и мапа каде бомбите најмногу паѓале. Најголема концентрација има во реонот на Шар Планина, како и во реонот на Дервенска Клисура и Качаник.

Косовските еколошки организации го запалија црвениот аларм откако весникот „Газета Експерс“ објави дека НАТО скрил извештај дека НАТО за време на бомбардирањето во 1999 година исфрлил дури десет тони осиромашен ураниум.

Медиумите во Косово дури и објавија и мапа каде бомбите најмногу паѓале. Од мапата се гледа дека најголема концентрација има во реонот на Шар Планина, како и во реонот на Дервенска Клисура и Качаник.
Во извештајот уште се вели дека ураниумот влијае на квалитетот на воздухот, почвата и водата, што предизвикало голем број абортуси и ракови.

Загадувањето на почвата најмногу влијаело кај пченката, сончогледот, сојата, шеќерната репка, како и целиот зеленчук.
Поради овие информации, целото количество храна на Косово доаѓа од увоз. Веднаш по бомбардирањето на локалните жители им се препорачувало во своите ниви ништо да не садат бидејќи загадувањето е во големи количини и дека може да има сериозни последици.

Доказ дека НАТО бил свесен што има исфрлено на Косово е забраната за војниците на КФОР да јадат надвор од своите бази.