Фејсбук тестира нова опција

facebooks-temporary-thankful-mothers-day-reaction-sign-things-come

Уште од лансирањето на лајковите како опција во 2009, корисниците на оваа социјална мрежа бараа да се воведе и дислајк опција.

Причината за ова е сосема разбирлива, има одредени статуси, ставови и објави кои изнудуваат реакција која не секогаш е позитивна. Фејсбук досега ја избегнуваше оваа тема бидејќи од компанијата не сакаа да се шири негативност.

Сега, за прв пат во историјата, Фејсбук ја тестира оваа опција, но не на профилите на корисниците туку на Месинџер. Некои од корисниците веќе имаат можност да реагираат со дислајк на пораките. Моментално опцијата не е достапна за сите, но ако се покаже добро на тестирањето, ќе бидете во можност да кликнете лајк или дислајк на добиените пораки.

Сепак, дислајк копчето нема да биде достапно на news feed и профилите.

“Не сакаме да овозможиме опција која може да го претвори Фејсбук во место каде што луѓето би можеле да се омаловажуваат, навредуваат или да си играат со нечија самодоверба, наместо дислајк, воведовме различни емотикони преку кои може да се изразат различни реакции” – изјави Марк Закерберг