Македонското знаме се појави во холивудски филм (видео)

makedonskozname-1024x551

Гледајќи го американскиот филм „Финалните девојки“ забележавме еден интересен детал.

Во холивудската хорор комедија од 2015 година, во сцената кога главните ликови одат во кино, над кино салата се поставени британско, канадско, американско и македонско знаме.

Мистеријата е од каде баш македонското знаме меѓу другите три и зошто баш се појави во овој филм.

Инаку покрај нашето знаме, овој филм вреди да се погледне и поради неговата содржина. Забавна хорор комедија која ќе ве опушти час и половина пред телевизорот. Грабнете пуканки и уживајте!

---