Патувања
09.03.2017 18:32

Силниот ветер го урна азурниот прозорец (фото)

Azurni-prozor-Malta-620x350

Познатиот Азурен прозорец на Малта се урна.

Карпата го изгуби својот специфичен изглед по невремињата, а премиерот Жозеф Мускат го опиша настанот како „невозможен“.

Истражувањата кои се правеа врз карпата претходно, потенцираа дека таа не е во опасност да се урне. Но властите неодамна поставија знак во кој ги предупредија луѓето да не поминуваат врз неа, а пропишаа и казни за тоа.

Иако далеку понепознато место од Азурниот прозорец, на сите оние кои жалат за ова место, им останува уште една карпеста рамка во Малта, близу Вид-ил-Мела.