1Password нуди 100 илјади долари доколку ја пробиете нивната заштита

61337709-1password

Доколку имате искуство во откривање багови и пробивање на заштита, тогаш ова е совршена прилика да заработите.

Компанијата AgileBits, која стои позади еден од најпопуларните алатки за заштита на личните лозинки 1Password, објави дека ја зголемиле максималната награда за откривање багови во внатрешноста на нивната апликација од досегашни 25 илјади американски долари на 100 илјади.

Ваквата награда е за мајсторите, доколку ги има, кои ќе ја пробијат заштитата на овој систем.

Компанијата има толку голема верба во своите развојни тимови и голема самодоверба што нуди волку голема парична награда. Вакви износи нудат и Apple, Microsoft и Google.