Научниците конечно открија зошто Мона Лиза се смее

46993864558c41c40abb39451215667_v4_big

Таинствената Мона Лиза се смее бидејќи е „едноставно среќна жена“, заклучиле научниците по анализата на нејзината насмевка.

Светската фасцинација од ремек-делото на ренесансниот уметник Леонардо да Винчи (1452-1519) е, всушност, фасцинација од неодредениот израз на лицето на младата Џоконда, се наведува во истражувањето објавено во магазинот „Саентифик рипортс“ (Scientific Reports) во кое се тврди дека е делумно откриена мистеријата на таа слика.

Истражувачите повикале 12 испитаници на кои им претставиле серија црно-бели фотографии на кои била претставена насмевката на Мона Лиза со благи варијации во краевите на усана.

Сликите на испитаниците им биле претставени во различен редослед на кој се сменувале сликите со вистинската насмевка и со другите со незначајни промени на усните. Таа серија од слики на испитаниците им била претставена 30 пати.

„Имајќи ги предвид описите на историчарите на уметноста, очекувавме дека испитаниците ќе имаат неодреден став кон оригиналот. На наше големо изненадување, сите го препознале оригиналот тврдејќи дека е тоа насмевка од среќа“, рекол за „Франс прес“ Јирген Комаер, невролог од Универзитетот во Фрајбург и ко-автор на студијата.

Научниците признале дека нивното истражување се однесува само на испитувањето на изразот на лицето, односно дали е тажно или среќно, не земајќи ги предвид другите видови емоции.

Холандските научници во 2005 година спровеле истражување на истата тема, но користејќи поинаков метод.

---

Џоконда била подложена на софтвер за препознавање на емоции. Алгоритамот ги земал предвид заобленоста на усните, промените на образите и околу очите.

Научниците дошле до заклучок дека на лицето на славната Џоконде се појавуваат шест видови емоции. Нејзината насмевка означувала, меѓу останатото, 83 отсто среќа, девет отсто презир, шест отсто страв и два отсто бес.

Сликата е изработена со маслена техника на плоча од дрво од топола. Се претпоставува дека е тоа портрет на младата фирентинска дама, Лиза Герардини, која била сопруга на богатиот трговец со свила Франческо дел Џоконда.

Сликата Мона Лиза на Да Винчи е изложена во францускиот музеј „Лувр“, каде што е заштитена со непробивно стакло.