Забава
12.03.2017 22:24

Пет занимливости кои не сте ги знаеле за кулниот филм Кум

15691580058c5508eddd26803968357_v4_big

Ретки се оние кои никогаш не го погледнале филмскиот класик “Кум” од далечната 1972 година.

Овој филм и денес се памти, а на претстојниот Трибек филмски фестивал, преостанатата екипа од филмот ќе се собере после речиси 45 години.

Основачот на Трибек, Роберт де Ниро, воедно и еден од протагонистите на филмот, ќе ги собере режисерот Френсис Форд Кополо, Ал Пачино, Дајан Китон, Роберт Дувал, Џејмс Кан и Талија Шајер.

За жал, на овој настан нема да присуствува Марлон Брандо, кој починал во 2004 година.

Многумина не знаат дека снимањето на филмот “Кум” за голем дел од актерите било неверојатно забавно.

Додека пред камерите биле сериозни и опасни, Брандо, Џејмс Кан и Роберт Дувал се натпреварувале позади камерите во тоа кој најдобро ќе го покаже својот гол задник. Титулата ја освоил Брандо, кој влетал на венчавката и со задникот ги сликал сите гости.

Сигурно не сте знаеле дека Ал Пачино за својата улога добил само 35.000 долари, колку што добиле и Џејмс Кан и Дајана Китон. Ал, помеѓу првиот и вториот дел го снимил хитот “Серпико”, па за вториот дел на “Кум” добил дури 600.000 долари.

Наместо Марлон Брандо, улогата на Дон Вито Корлеоне, замалку не ја добил Орсон Велс. Токму Велс се наоѓал во потесниот избор за таа улога, но било потребно да ослабе околу 20 килограми. Копола на крајот се откажал од актерот бидејќи сметал дека Брандо е подобар избор.

Џејмс Кан поради потребите на улогата на Сони Корлеоне, носел вештачки заби. Со оглед на тоа што филмот е сниман во 1972 година, изработката не била толку квалитетна, па често го болеле.

Роберт де Ниро бил на аудициите за неколку улоги, но дури години подоцна, се дознала дека една од нив била онаа за Сони.
Погледнете ги најдобрите сцени од култниот филм во видеото во продолжение: