Што ќе се случи со луѓето кои во 2030 година ќе пристигнат на Марс?

Concept art for The Martian 04 - the base

НАСА планира да испрати луѓе на Марс до 2030 година, а веќе започна да тестира како нивниот организам ќе реагира на целосно поинаква околина.

Конрад Социк од Универзитетот за информатичка технологија и менаџмент во Жешова (Полска) смета, дека симулациите ниту одблизу не ги покажуваат реалните услови на Марс и дека на астронаутите ќе им биде потребна технологија која ќе ги намали нивните сетила и силни лекови за ублажување на нападите на паника, се со цел да успеат да опстанат на толку далечна планета.

Тие кои ќе го издржат сето тоа, ќе еволуираат во целосно нов вид, смета еволуциониот биолог Скот Соломан.

Др Соломан, кој работи на универзитетот Рајс во Хјустон, верува дека поради климата на Марс на луѓето ќе им потемни кожата, а дека коските ќе се здебелат поради намалената гравитација.

Иако за такви промени на Земјата би биле потребни повеќе милиони години, Соломан смета дека за нив би биле доволни само 6.000 години на Марс.

Еволуцијата рутински се одвива во текот на многу илјадници години, но на Марс би била забрзана, смета тој.

Колегата на Солован, доктор Социк, проценува дека би биле потребни барем 500 луѓе се со цел да се спречи инцест, и да се формира трајна колонија на Црвената планета.