Автомобили
16.03.2017 21:31

Alfa Romeo MiTo и Giulietta нема да добијат наследници

alfa-romeo-mito-gta-in-geneva_4

Првиот иден автомобил од Alfa ќе биде СУВ.

Ред Бигланд, шеф на Alfa Romeo индиректно изјави дека моделите Giulietta и MiTo се гасат, односно дека на пазарот нема да се појават нивни наследници.

-Giulietta и MiTo се добри автомобили, но не се рамни на Giulia и Stelvi. Всушност, Giulietta и MiTo се насочено кон европските купувачи, додека планот на компанијата е да се развие на глобално ниво.

Тоа е доволно јасна порака дека за Giulietta и MiTo нема иднина. Идниот автомобил на Alfа ќе биде СУВ, но се уште не е одлучено дали ќе биде сместен под или над Stelvi.