Автомобили
16.03.2017 21:06

Audi подготвува нови модели

2017-Audi-Q5-MLP-Video-Poster

Нови A8, Q8, Q7 и Q4.

Паралено со проблеми со дизелгејт, Audi минатата година ја зголеми продажбата на своите модели за 3,6%, а приходите пораснаа за 1,5%.

Дека не планира да запре во тоа, покажува и новиот план на компанијата, во кој е претставена низа модели кои ќе се појават во следните неколку години.

Најинтересен од нив е целосно новиот A8 кој доаѓа кон крајот на оваа година, а потоа следи и нов Q7 модел кој би требало дап ристигне следната година.

Интезивно се работи и на модел Q8 кој дебитираше минатата година во облик на концепт, а најавен е и помлад брат на моделот Q5, кој под името Q4 би требало да се појави за две години.