Автомобили
16.03.2017 21:29

McLaren го подготвува моделот 720SLT

image_72763

Лесен модел со подобри возни карактеристики и со навистина моќен мотор.

Иако свежо е претставен моделот 270S, во McLaren интензивно работат на нов модел кој ќе го има додатокот LT (Long Tail) во името.

Инспирацијата за овој модел ќе биде веројатно моделот 675 LT, кој доживеа огромен успех. Од моделот 720 LT се очекува да биде полесен, да има подобро возни карактеристики и посилен мотор од оној со моќност 710 коњски сили кој доаѓа со моделот 720S.

Би требало да му конкурира на моделот Huracan Performante. Исто така, се спомнува и моделот 570SLT, но за овој модел се уште нема официјално ништо.

image_72751 image_72752 image_72753 image_72754 image_72755 image_72756 image_72759 image_72760 image_72763