Автомобили
16.03.2017 21:02

Tesla Model Y ќе се продава подобро од Tesla Model 3

Tesla-Model_X-2017-1280-03

Електричниот компактен кросовер на пазарот пристигнува во првата половина на 2018 година.

Tesla Model 3 е најбараниот електричен автомобил на светот, досега го нарачале повеќе од 300.000 луѓе, а таа бројка секој ден е се поголема и поголема.

Меѓутоа, Model 3 нема да биде единствен пристапен електричен автомобил од Tesla. Идната година, односно 2018, премиера ќе има и Model Y, комапктен кросовер на Tesla.

Овој автомобил ќе биде изграден на иста платформа како и Model 3, а ќе има и речиси идентична автономија од 350 километри.

Од Tesla се уверени дека Model Y подобро ќе се продава од Model 3, а планот им е годишно да испорачуваат до милион примероци од електричниот компактен кросовер.