Балкан
18.03.2017 22:10

Армијата на Косово ќе биде една од најголемите и најмодерните во Европа

rtk_3_7_101

Косовската војска ќе има осум илјади војници, од кои три илјади ќе бидат во резервниот состав, пишува приштинскиот весник Zeri, повикувајќи се на нацрт законот со кој се подготвува трансформација на косовските Безбедносни сили во косовска војска.

Издвоениот буџет на надлежното министерство ќе изнесуа 51 милион евра, а за ова цел секоја година ќе бидат издвојувани по пет милиони евра, додава весникот.

Косовскиот претседател Хашим Тачи на почетокот на март во собраниска процедура го предаде новиот предлог закон за Безбедносните сили на Косово (БСК). „Законот за БСК ја регулира мисијата, функционирањето и задачите на БСК, нивната организација и низа други прашања во врска со служењето во БСК“, рече тогаш Тачи.

На реакциите на НАТО и САД поради неговата иницијатива, Тачи рече дека нема да ја повлече иницијативата за формирање на војска преку промената на законот на БСК, бидејќи смета дека тоа е единствениот начин да се формира војска, откако пратениците на Српска листа одбија да гласаат за промена на Уставот со која би се овозможиле трансформација на БСК.