ДОАЃА НОВА СОЛАРНА ПЛОЧА КОЈА Е ПОЕФТИНА ОД ОБИЧНАТА

capture-20170213-190937

Додатниот бонус на оваа плоча е што ќе заштедите електрична енергија
Елон Муск неодамна ја представи соларната плоча која според неговата визија,во иднина треба да ги замени грубите соларни панели на крововите.Тој најавува дека ќе биде поефтин за производство и за поставување од традиционалниот кров,дури и пред да се пресмета заштедата на енергија.Тоа Муск го нарече додатен бонус.Неговата компанија Tesla Motors одобрила превземање на компанијата SolarCity,а Муск веднаш на сопствениците им го пренел напредокот на своите инжињери,кои би можеле да бидат вистинско покачување во развојот на соларната енергија.Ваква плоча се произведува од стакло и изгледа слично како и класичната,но притоа произведува струја.

Основното прашање е: Дали сакате кров кој изгледа подобро,трае долго,поефтин е, и произведува електрична енергија.

---
Блумберг пишува дека ваквата плоча и понатаму ќе биде премиум производ кога ќе стигне на пазарот.
Традиционалната плоча е кршлива,тешка и гломазна со многу потешкотии во транспортот.Но плочата на Муск тежи како пет класични плочи и полесна е за транспорт.