НИКОГАШ ОВА НЕ ВИ БИ ПАДНАЛО НА ПАМЕТ: Дали знаете за што служат огледалата во лифтовите?

ogledalo-lift-foto-profimedia-1486827822-1103133

Во секој лифт постојат огледала,и ретко кој де запрашал за што тие поточно служат.Одговорот е едноставен и се крие во човековата психа.

Бидејќи чекањето е нешто што повеќето луѓе ги вади од такт,паметните дизајнери смислиле решение како тоа чекање да го направат подносливо.

Истражувањата покажуваат дека на повеќето луѓе времето им минува брзо додека се забавуваат,а гледањето во својот одраз е активност која без обзир на тоа колку поединецот е нарцис,ги заинтересирува луѓето.

Идејата се родила во текот на индустрискиот бум,после Втората светска војна,кога се зголемил бројот на лифтови но и жалби за тоа дека се спори.

Поставувањето огледала се покажало многу ефикасно.