Погледнете на кој хороскопски знак оваа недела ќе му донесе баксуз

horoskop-1

Ако сте еден од овие четири хороскопски знаци ве очекува тешка и несреќна недела.

ДЕВИЦА (23 август – 22 септември)
Не премногу поволна недела за вас. Оние во врска може да паднат како жртви на сомневања, што доведува до замор во врската. Брачните двојки ќе имаат различни приоритети и нема да успеат да се договорат за сè. Трошење пари за неоправдани нешта и дружење со пријатели кои не можат да бидат многу корисни може скапо да ве чини. Сериозно треба да почнете да размислувате за финансиката сигурност. Средовечните и постарите лица да внимаваат и на симптомите и на вистинските лекови. Другите, пак, да се чуваат од алергиски инфекции и стомачни вируси.

ВАГА (23 септември – 23 октомври)
Нема да бидете сигурни за изборот на љубовен план. Оние во врска може да се премислуваат дали да ја продолжат истата или не. Ништо значајно на финансиски план. Останете фокусирани на штедење за идни потреби колку што е можно повеќе. Не се исклучува ниту алтернативен извор за екстра пари. Болки поради забавено варење, додека проблемите со респираторниот систем треба да се третираат на итна основа; било какво занемарување може да доведе до долгорочни здравствени проблеми. Откажете се од сите зависности, а поготово од цигарите

СТРЕЛЕЦ (23 ноември – 21 декември)
Можни сериозни проблеми во брачниот живот. И двајцата се држите до личните ставови.Внимателно справите се со овој проблем за да се избегне нарушување на бракот. Ако сте во врска, но сè уште не сте се обврзале, можеби ќе посакате да ја прекинете истата. Не цветаат рози на финансиски план. Може ќе почнете да барате други можности за заработка на екстра пари. Контролирајте ги и непотребните трошоци. Можно е да се разболите оваа недела. Дури и помалите здравствени проблеми земете ги сериозно и веднаш лекувајте ги за да не останете в кревет неколку дена непотребно.

ЈАРЕЦ (22 декември – 29 јануари)
Најверојатно ќе се разочарате неделава.Истото важи и за брачните двојки. Треба да работите на меѓусебното разбирање. Слаба финансиска недела. Ќе треба да позајмите пари за некое итно прашање. Сепак, подалеку од шпекулативни активности. Некои помали здравствени проблеми ќе продолжат да ве мачат, па преземете превентивни мерки за избегнување на компликации. Редовно џогирајте или одете на аеробик.Подобрете го животниот стил така што ќе се откажете од брза храна.