Зоран Заев ги кажа државите кој што ќе ги поседи во понеделник

Zaev

Претседателот на македонската Влада Зоран Заев најави дека следниот понеделник заедно со заменик премиерот задолжен за евроинтеграции Бујар Османи, министерот за надворешни работи Никола Димитров и повеќе советници ќе ја реализира својата прва посета како премиер на Македонија на седиштето на ЕУ во Брисел.

Тој во Брисел ќе разговара со еврокомесарот Јоханес Хан за реформските приоритети на Владата и спроведувањето на извештајот на Прибе, како и за извештајот на ЕУ за напредокот на Македонија. Заев при денешната посета на Порој, одговорајќи на новинарски прашања, истакна дека очекува да има средби и со други високи претставници на ЕУ, со претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, со првиот човек на Советот на Унијата Доналд Туск, високата претставничка за надворешна и политика и безбедност Федерика Могерини за, како што рече, да ги сублимираат очекувањата на ЕУ и работите што ќе се спроведат во Македонија да бидат прецизни, точни и навремени и согласно очекувањата прво на граѓаните, а потоа и на ЕУ.

Заев најави и дека веднаш по оваа прва посета надвор од Македонија очекува дека ќе ја посети и Софија бидејќи, како што рече, Бугарија од 1 јануари следната година го презема претседавањето со ЕУ и е целосно подготвена да и помогне на Македонија во инегративните процеси.