Дознајте кој бил најбогатиот трговец со оружје во светот

Adnan-kgBD--620x349@abc

Аднан Кашоги почина на 82 – годишна возраст, и веројатно таа вест би поминала незабележливо, ако тој не останеше запомнет како еден од најбогатите трговци со оружје.

Додека сите тргувале со оружје „под маса“ и во тајност, тој редовно организирал големи забави на кои шампањ течел како река, а кавијар се служел со тони. Негови редовни гости биле бројни холивудски ѕвезди, а легендата вели дека трошел по 135.000 евра дневно.

Сето тоа се урнало кога неговото име почнало да се споменува во аферата Иран – Контра. Тој бил обвинет дека договарал тајна продажба на американско оружје на иранските власти додека Иранците биле под меѓународни санкции во средината на осумдесеттите години од минатиот век. Врвот на иронијата е фактот што американските власти, со одобрение на претседателот Роналд Реган, го продавале тоа оружје.

Со парите од продажбата на оружјетоги финансирале никарагванските бунтовници склони кон американските интереси. Реган морал да се извини, а бизнис империјата на Аднан се распаднала поради многуте тужби и финансиски проблеми. На крајот морал да ја продаде дури и јахтата „Набилу“ која подоцна завршила во рацете на Доналд Трамп.

Дури и неговиот развод покажал дека ништо не прави половично. Имено, распадот на бракот од Аднан и Сораја со години го држел рекордот како најскапиот развод во светот. Во педесеттите години тој се оженил со Сандра Дејли која подоцна преминала во ислам и го променила името во Сораја. После 21 година брак и дури пет деца, во 1974 година Сораја побарала развод.

Поминале дури осум години додека конечно завршила бракоразводната парница. Сораја добила 875 милиони долари во 1982 година, а во изминатите години живее и работи како цвеќарка во Лондон. После разводот Сораја ја добила и ќерката Петрина, но ДНК тестот покажал дека нејзиниот татко е Џонатан Ејткен, поранешен конзервативен министер. Аднан отворено кажувал дека не и` бил верен на Сораја. Се фалел дека има 11 сопруги за задоволство на своите бројни јахти и вили.