Загатка која што може да ја реши мал процент на луѓе

54076-61168

Загатките се секогаш добар начин на вежбање на умствените способности и зголемување на нивото на интелигенција. Тие можат да ви го избистрат умот и да ве поттикнат на логично размислување. Со таа цел, прочитајте ја следнава загатка што ја поставил Ајнштајн, а што можат да ја решат само 2% од луѓето во светот. Нашиот совет е да ја решавате загатката кога ќе бидете смирени и да не очајувате доколку не можете веднаш да дојдете до одговорот.

За да ја решите оваа загатка треба да знаете дека се работи за 5 куќи во 5 различни бои. Во секоја куќа живее човек од различна националност. Секој човек пие различен пијалак, пуши одреден бренд цигари и има некаков домашен миленик. Но, овие 5 луѓе не пијат ист пијалак, не пушат исти цигари и не чуваат ист домашен миленик како останатите. Загатката е следната:

Кој чува риба?

  • Англичанецот живее во црвената куќа.
  • Швеѓанецот чува куче.
  • Данецот пие чај.
  • Зелената куќа е лево од белата.
  • Сопственикот на зелената куќа пие кафе.
  • Човекот кој пуши Pall Mall чува птица.
  • Сопственикот на жолтата куќа пуши Dunhill.
  • Човекот што живее во средната куќа пие млеко.
  • Норвежанецот живее во првата куќа.
  • Човекот што пуши Blend живее до оној кој чува мачка.
  • Човекот што чува коњ живее до оној кој пуши Dunhill.
  • Оној кој пуши Bluemaster пие пиво.
  • Германецот пуши Prince.
  • Норвежанецот живее до сината куќа.
  • Човекот кој пуши Blend има сосед кој пие вода.

Совет: Постепено елиминирајте ги сите можности додека не дојдете до конечното решение.

РЕШЕНИЕ

1. Норвежанецот живее во жолтата куќа, пие вода, пуши Dunhill и има мачка.

2. Данецот живее во сината куќа, пие чај, пуши Blend и има коњ.

3. Англичанецот живее во црвената куќа, пие млеко, пуши Pall Mall и има птица.

4. Германецот живее во зелената куќа, пие кафе, пуши Prince и има риба.

5. Швеѓанецот живее во белата куќа, пие пиво, пуши BlueMaster и има куче.

Германецот чува риба.

Ви честитаме доколку успеавте да ја решите оваа загатка! Тоа е знак дека вашата интелигенција е на многу високо ниво!