Букурешт за секое ново родено дете ќе доделува парична награда

smiling-babygirl_48278743

Во главниот град на Романија родителите наскоро ќе добијат парични награди за раѓање на секое бебе. Целта на оваа мерка е да се зголеми наталитетот, кој е во опаѓање во земјата.

Градскиот совет на Букурешт денеска гласаше да се одвојат по 615 долари за секое бебе што се ќе се роди во болница во градот, но при тоа мора барем еден родител да е жител на главниот град.

Романија има еден од најголемите падови на населението во Европа, предизвикано од падот на наталитетот и поради миграцијата.

Според Државниот завод за статистика околу 21.150 бебиња се родени во Букурешт во 2010 година, додека во 2015 година се родени 19.250 бебиња.