ВМРО-ДПМНЕ реагираше по прес-конференцијата на министерот Спасовски…Еве што рекоа тие

terasa_vmro-55022

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение реагираше на прес-конференцијата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за која велат дека е врв на лицемерието и двојните аршини.

Според нив, против полициските службеници кои не примениле сила при демолирањето, палењето и ограбувањето на канцеларијата на Претседателот на Република Македонија немаше никаква постапка, а против полицајците кои на 27 април кои постапиле на истиот начин сега се водат постапки.

– ВМРО-ДПМНЕ јасно го кажа својот став во врска со случувањата од 27 април. На физичкото насилство му претходеше политичко насилство. Одговорност мора да има и за политичкото насилство, велат од опозициската партија.

Тие во реакцијата бараат од Јавното обвинителство да не подлегнува на притисоците и заканите од СДСМ и да продолжи да постапува професионално, согласно Уставот и законите.

Според нив, барањата на Заев за смена на републичкиот Јавен обвинител со цел прикривање на сопствениот криминал и инсталирање на послушник кој ќе ги спроведува наредбите за политички прогон на неговите неистомисленици.