Еве неколку работи кој што не смеете да му ги кажете на вашето дете

img_como_ensinar_o_meu_filho_a_estudar_13276_orig

Доколку сте опседнати со диети, чистота или сте зависник од Интернет, потрудете се тие опсесии да не влијаат врз вашите деца.

Добро е кога детето од родителите ќе наследи оптимизам или одлично памтење и совршена моќ на забележување, но што ќе се случи доколку „собере“ и ситни нервози, опсесии или стравови, кои навистина можат да ни го загорчат животот.

Подобро е тоа да го спречите, отколку да го лечите, тврдат психолозите. Затоа потрудете се своите опсесии да не ги пренесете и на детето.

Мајката, која е опседната со вишокот килограми и постојано е на некоја диета или зборува за калориите и идеалната тежина не треба да ја чуди доколку и нејзината седумгодишна ќерка посака да држи диета!

Според тврдењата на психолозите, тоа навистина се случува. Голем број девојчиња на таа возраст сакаат во се да ги имитираат мајките и интересно им е да се однесуваат како возрасни личности.

Меѓутоа кај сериозните случаи на мајчинската опседнатост со својот изглед и килограмите, ќерката вистински ја вознемирува однесувањето и говорот  на мајката и таа чувствува потреба да ја имитира.

Доколку мајката пред ќерката често пати изјавува: „Доколку не внимавам на исхраната ќе бидам грда“, ќерката може да помисли: „Никогаш не смеам да се здебелам, ако сакам мајка ми да ме сака“. Таквиот начин на размислувње ја урива самодовербата кај детето.