Еве што му порачаа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ на премиерот Зоран Заев

VMRO-DPMNE-Zgrada

„Зоран Заев навечер најавува дека ќе стори се за да ги подобри односите со Грција и да ги убеди јужните соседи да престанат да ги блокираат евро-атлантските интеграции на Република Македонија, а веќе следниот ден во телефонски разговор од грчкиот Премиер Алексис Ципрас добива повторување на грчките црвени линии.

Граѓаните не очекуваат приказни за мали деца, туку очекуваат лидерот на СДС да го исполни ветувањето и да ја внесе Република Македонија во ЕУ и НАТО што е можно побргу без притоа да задира во идентитетските прашања и да прави договори кои ќе бидат на штета на македонскиот народ.

Зоран Заев не смее да губи ниту ден во барање на празни оправдувања кои имаат цел да ја дефокусираат јавноста од исполување на ветувањата што ги даде.

Досегашните чекори на новата влада се сведуваат на најави за уривање, блокирање и укинување. Досегашните чекори на новата влада се антиреформски и не носат никаква дополнителна вредност на граѓаните.

Со лаги и манипулации Заев нема да го подобри стандардот на граѓаните.

Наместо да се фокусира на реформи, СДС се фокусира единствено на објавување лажни вести во медиумите под нивна контрола со кои се обидува да го оцрни ВМРО-ДПМНЕ надевајќи се дека така граѓаните ќе заборават на ветувањата на Заев.

Со отпочнување на процедурата за смена на Јавниот обвинител, Заев можеби ќе се ослободи од стравот од кривична одговорност за сторените криминали и ќе спаси од казните кои го очекуваат доколку се утврди вина, но никако нема да придонесе за исполнување на ветувањето за 5% годишен раст на БДП. Со закани кон јавното обвинителство и судската власт за неуставен реизбор на судиите можеби ќе се одмазди за сите кривични постапки и пресуди против неговата шефица на кабинет, генералниот секретар на Владата, министрите Рамиз Мерко, Самка Ибраимовски, Хазби Лика, Садула Дураку и останатите, но нема да помогне побргу да се изградат ветените нови 500 километри автопат.

Добро е што Заев ги продолжува проектите на ВМРО и со 76 милиони евра од буџетот почна да ги исплаќа субвенциите за земјоделците, покачените пензии и стипендии, но нема никаква корист од лагите дека СДС во буџетот затекнал само 6 милиони евра, бидејќи во таков случај се поставува прашањето каде исчезнале 124 милиони.

СДС не смее да ја повтори приказната од 15-ти септември кога народот беше сведок на најголемата лага за вработување по еден член од секое семејство.

Граѓаните очекуваат минимална плата од 16.000 денари и просечна плата од 30.000 денари, а докторите очекуваат плата од 100.000 денари.

Граѓаните не сакаат антиреформи“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.