Неколку совети доколку сакате да го остраните вишикот целуит на вашиот задник

ass32

Личи како кора од портокал, лошо делува, тврдоглав е и воочлив. Се наоѓа на нозете, на задникот, на стомакот, на рацете… Погодете за што станува збор? Секако, во прашање е вашиот најлош непријател… Целулитот! Објавете му војна! Го дешифриравме и ги откривме најдобрите начини како оваа пролет да започнете борба од која ќе излезете како победник. Девет од десет девојки имаат целулит кој ја менува површината на кожата и ја намалува нејзината цврстина, па ако и вие сте едни од нив, прочитајте ги следниве пет правила што треба да ги знаете за да го запознаете и да го победите вашиот непријател.

1. Маста има ритам

Секоја клетка, па дури и масната, има сопствен биоритам. Така маснотиите од телото се ослободуваат наутро (што се нарекува липоза), а се насобираат навечер (што се нарекува липогенеза).

Што значи тоа?

Само севкупната грижа за себе може да остави трајни резултати кога е во прашање слабеењето. И кога станува збор за исхраната, вежбањето, па дури и за масажата, важат истите хронобиотички закони, па вистинскиот момент игра одлучувачка улога: акцијата за спречување на насобраните масти мора да следи кога клетката природно се ослободува од маснотијата.

2. Претпладневна и попладневна исхрана

Ако сакаме да се храниме здраво без дебелеење, треба да ја почитуваме рамнотежата на полнењето и празнењето на масните клетки, бидејќи овие процеси го регулираат инсулинот.

Што значи тоа?

Инсулинот е клучен процес за собирање резервни масти. Наутро е наједноставно да ги исфрлите масните клетки. Можеме да си дозволиме сладок или месен енергетски појадок. Во првата половина од денот би требало да апсорбираме од 70 до 80% од дневното енергетско внесување. Навечер стартуваат механизмите за интензивно собирање на маснотијата, па оброкот не смее да биде преобилен.

3. Кој е најдобриот спорт?

Циркулацијата се подобрува со повторување на притисокот на петата.

---

Што значи тоа?

Дека најдобриот спорт во борбата против целулитот е џогингот. Можете да го замените со одење за да ги сочувате зглобовите. Редовно занимавајте се со каква било физичка активност, ако е можно од два до три пати неделно, и минимум 40 минути без прекинување.

4. Што и како да јадете?

Урамнотежената исхрана е важна, како и начинот на којшто јадеме.

Што значи тоа?

Златно правило: Од три до пет оброци дневно во исто време. Избегнувајте ги стресните ситуации во текот на оброците, јадете полека и добро џвакајте ја храната. Јадете во одредено време. Исфрлете го „многу жешкото“ и „многу ладното“, бидејќи може да го иритираат вашиот дигестивен тракт. Избегнувајте ја храната која дува (пример, зелје, блитва…)

5. Масажата е клучна

Масажата, тврдат терапевтите, влијае на успешноста на борбата против инфилтрираниот целулит.

Што значи тоа?

Масажата делува на исцедувањето и стимулирањето на микроциркулацијата и ослободува од стресот кој предизвикува складирање на маснотиите и задржувањето вода. Заедно со масажата би требало да пиете минимум еден литар вода дневно.